Какви слики од Пенелопе Круз! Конечно успеаја да ја фатат на плажа, на 48 години изгледа како божица

12 јули, 2021
penelope-kruz-1-830x0

Пенелопе Круз важи за една од најпосакуваните актерки во светот, а и ден денес изгледа совршено…

Пенелопе Круз (47) и нејзиниот сопруг Хавиер Бардем (52) се фотографирани на плажа во Сардинија, а тоа е еден од ретките моменти кога холивудски пар може да се види во јавноста.

Имено, славната двојка беше фотографирана на плажа, а во таа прилика беа многу среќни, додека Пенелопе го покажа своето згодно тело на 47-годишна возраст.

Таа носеше светлосин костим за капење во кој го истакна своето длабоко деколте, а сите гледаа во нејзините совршено дефинирани нозе.

Се чини дека Пенелопе сè уште нема брчки на лицето и изгледа многу младо, додека нејзиниот сопруг исто така изгледа многу добро. Хавиер има малку поопуштен стомак, но рацете и нозете се уште му се многу затегнати, а во лицето сепак е вистински латино заводник.

Да се потсетиме, Шпанката која освојува со својата убавина е позната по својот феминизам и често истакнува дека и пречат критиките на сметка на женското тело и возраст.

– На почетокот на мојата кариера лажев за мојата возраст, во еден момент не ни знаев колку години имам. Но, тогаш сакав да бидам постара. Иако го направив првиот филм „Јамон, Јамон“ на 15-годишна возраст, тогаш реков дека сум постара две години – рекла Пенелопе.

Инаку, Круз се омажи за својот шпански колега Хавиер Бардем (51) во 2010 година. Само една година подоцна, тие го добија синот Лео (9) и ќерката Луна во 2013 година. Пенелопе досега има снимено четири филма со нејзиниот сопруг.

– Секогаш е малку страшно да се снима со сопругот, затоа што мора да уживате во приказна што може да биде малку вознемирувачка, па затоа внимавајте да не навлегувате премногу во темата. Но, од друга страна, не можете лесно да правите сцени – заклучи Пенелопе.

escort - Korsan taksi