Кендал ја потврди врската со НБА sвездата: Објавија заеднички фотографии (ФОТО)

16 февруари, 2021
pjimage-69

Кендал објави фотографија со Девин на Instagram, со срце емотикон до него. Кошаркарot објави видео со Кендал, нa кое таа си игра со куче

Со месеци се шпекулираше дека манекенката и ријалити sвезда Кендал Џенер (25) е со НБА sвездата Девин Букер (24), а парот сега ја потврди својата врска.

Кендал објави фотографија со Девин на Instagram, со срце емотикон до него. Кошаркарот објави видео со Кендал, во кое таа си игра со куче, и нивна фотографија од излет.

На почетокот на овој месец странските медиуми пишуваа дека нивната врска оди добро затоа што не ги комплицираат работите.

– Нема големи очекувања или луди очекувања од ниту една страна – тврди изворот.

Папараците ја „уловија“ двојката уште во април минатата година, а за нивната врска се пишуваше неколку пати, но досега немаше официјална потврда.

Кендал претходно беше во врска со кошаркарите Блејк Грифин (31) и Бен Симонс (24), додека Букер беше во врска со Џордин Вудс (23), пријателка на Кајли Џенер (23).

escort - Korsan taksi