Кетрин Зета-Џонс без двоумење призна дека благодарение на нејзиниот сопруг, била заштитена од многу работи: „Сите знаеја дека сум со Мајкл Даглас“

2 јуни, 2021
1455954

Таа стана светска sвезда во 1998 година благодарение на нејзината улога во хит филмот „Зоро: Маскираниот одмаздник“, во кој глумеше заедно со Антонио Бандерас, но нејзината кариера започна кога имаше само 15 години и кога се појави на аудиција за продукции на Вест Енд .

Во своето последно интервју, за Радио Тајмс, велшката актерка јасно стави до знаење дека е свесна дека животот го започнала многу рано, кога имала само 15 години, но, како што тврди, никогаш не чувствувала закана. Всушност, 51-годишната Кетрин Зета-Џонс верува дека се спасила од многу ситуации со тоа што била во врска, односно брак со денес 76-годишниот Мајкл Даглас.

Catherine Zeta-Jones, Michael Douglas

Говорејќи за ерата на движењето „Me Too“, кое се бори против сексуална злоупотреба и сексуално насилство и кое заживеа во Холивуд, Кетрин Зета-Џонс откри и како се чувствувала низ годините:

„Бев многу млада кога започнав сè, но сите аудиции на кои отидов, никогаш не се најдов во такво опкружување и кога се преселив во Холивуд, не ми требаше многу време да започнам врска со мојот иден сопруг , така што секој го знаеше тоа дека сум со Мајкл Даглас.“

Catherine Zeta-Jones, Michael Douglas

„Не знам дали имав придобивки поради тоа, но можеби тоа значеше дека нема да се најдам во средини каде што некој може да ми понуди. Свесна сум колку е тешко да се зборува за сето ова, па затоа им се восхитувам на овие храбри жени ’, рече познатата велшка актерка.

Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас се венчаа во 2000 година во хотелот Плаза во Њујорк, а нивната прва средба се одржа во 1998 година на филмскиот фестивал Довил во Франција. И покрај многуте пречки, тие сè уште се во брак во брак и имаат две деца – ќерката Керис Зета Даглас (18) и синот Дилан Мајкл Даглас (20).

Catherine Zeta-Jones, Michael Douglas
escort - Korsan taksi