КИМ КАРДАШИЈАН ИЗНАЈМИ МОДЕЛ ДА ГО ПРОМОВИРА НЕЈЗИОТ БРЕНД: Не можеше да избере подобра личност!

17 јули, 2021
2019 E! People's Choice Awards - Arrivals

Ким Кардашијан има ново лице за својот бренд за долна облека и не можеше да избере подобра личност за тоа.

Имено, моделот Кејт Мос е новото заштитно лице на брендот Ким Кардашијан. Риjалити sвездата објави на својот Инстаграм преку фотографии од британската модна икона, како и комплименти на сметка на згодната 47-годишна девојка.

Кејт покажа дека со право важи за една од најдобрите супермодели на сите времиња, а за потребите на оваа кампања позираше во предизвикувачки пози кои го истакнаа нејзиниот сексапил и вродена елеганција.

  • За прв пат ја запознав во 2014 година преку Рикардo Тиши и веднаш ме освои нејзината смела смисла за хумор, автентична и класична убавина и оттогаш сме пријатели. Таа е модна икона, некој што дефинира цела генерација на стил и горда сум што можам да ја претставам како ново лице за ова лето – напиша Ким со фотографиите.

Инаку, Ким и Кејт се запознаа уште во 2014 година на Ибица на 40-от роденден на дизајнерот Рикардо Тиши, по што беа видени заедно во повеќе наврати.

escort - Korsan taksi