Ким Кардашијан на својот профил двапати напиша ЈК: Фановите полудеа, а вистинското значење на зборот е јасно

16 февруари, 2021
jelena-karleusa-kim-kardasijan-830x0

Ким, се чини, не може без ЈК

Ријалити sвездата Ким Кардашијан објави снимки во бикини со нејзината сестра Кортни Кардашијан, а поради описот на фотографиите, луѓето коментираат на нејзиниот пост и пишуваат „Јелена Карлеуша“.

Кардашијан позираат во бикини кои ги истакнуваат нивните фигури, но Instagram „гори“ и поради жешките кадри и поради она што го напиша Ким.

– Постои тенка линија помеѓу љубовта и омразата. ЈК ЈК – напиша ријалити sвездата, а поради иницијалите на српската поп sвезда, многумина во коментарите пишуваат „Јелена Карлеуша“.

JK е всушност кратенка од „just kidding“, односно „Само се шегувам“, но луѓето ја искористија можноста да се пошегуваат со Кардашијан која неколку пати ги „копираше“ стајлинзите на српската пејачка.

Да потсетиме, за кампањата на нејзиниот бренд, на 14 јануари 2021 година, Ким беше фотографирана во комбинезон со „отворени“ колкови што Јелена ги носеше пред светската sвезда, на 16 октомври 2020 година.

Сепак, ова не е прв пат Кардашијан да „позајми“ идеја од поп-ѕвездата. Пред неколку години, во нејзината емисија, водителката Венди Вилијамс покажа фотографии од стајлинзите на Јелена, кои Ким ги направи по неа. Сепак, не станува збор само за гардероба туку и за начинот на позирање, бојата на косата, модните детали …

Покрај Кардашијан, Венди „откри“ уште една света sвезда која имаше идентичен стајлинг по Јелена, а тоа е Бијонсе.

escort - Korsan taksi