Ким Кардашијан скршена поради разводот: Одам на терапија, уморна сум…

15 јуни, 2021
kanje-vest-kim-kardasijan-830x0

Едно од најдолгите реални шоуа во Светот заврши на 10 јуни.

„Во чекор со Кардашијанс“,се збогува со публиката по 20 сезони, а во емотивното финале на серијата, семејството Кардашијан-Џенер е прикажано како размислува за следните чекори.

Кортни Кардашијан и Скот Дисик се подготвени да продолжат понатаму, Клои сака да ѝ подари брат или сестра на својата наследничка Тру Томсон, но не е сигурна дали сака повторно да се омажи.

Сепак, најголемо внимание привлече признанието на Ким Кардашијан. Таа ѝ се довери на својата мајка Крис Џенер за бракот со славниот рапер Канје Вест.

– Порано од сите барав решенија за проблемите, од сите барав договори. Исцрпувачки е. Јас сум, всушност, возрасна. Одам на терапија. Дозволете ми да работам на себе и да видам каде сум – призна Ким.

Таа исто така рече дека нон стоп се залага за тотална среќа во нејзината врска.

– Се чувствувам како да работев многу напорно во животот за да постигнам сè што сакав, да ги исполнам очекувањата и да постигнам 10 пати повеќе отколку што е можно да постигне жива личност, но немам со кого да споделам – рече таа и продолжи.

– Седам тука и размислувам: добро, имам потомство и тоа ме исполнува, а дали сум добро? Никогаш не помислував дека сум сама. Мислев дека е сосема добро, имам деца и тоа е тоа – рече таа.

Врската на далечина со Канје во Вајоминг многу влијаеше на старлетата.

– Мојот сопруг оди од земја во земја, јас сум тука со него и тоа беше добро, но откако наполнив 40 години, сфатив: не, не сакам сопруг кој живее во сосема друга земја

 Ким призна и дека одлично се сложувала со Кание додека биле разделени, но дека тоа не го сакала од нејзиниот партнер.

– Сакам личност со која ги делам истите интереси, истите ТВ-емисии, на пример. Сакам некој што ќе сака да вежба со мене. Тоа се малите нешта што ги немам. Јас веќе ги имам сите големи работи. Имам екстравагантни работи, дури и повеќе отколку што некој може да замисли. Ги искусив сите помпезни ситуации и никој повеќе нема да го стори тоа на тој начин. Благодарна сум за сето ова, но мислам дека сум подготвена за мали нешта и искуства што значат многу

– Само сакам да бидеш среќен и весела, а не те гледам таква одамна. Срцето ми се крши затоа што сакам да бидеш среќна. Сакам да имаш најдобра врска во светот и да бидеш среќни. Имаш четири прекрасни деца и само сакам сите да бидат среќни – рече мајката Крис.

– Ти сте многу силна жена и се чини дека издржуваш сè многу смирено – Крис беше воодушевена од силата на нејзината ќерка.

„Смиреноста е моја супер моќ“, се пошегува Ким.

escort - Korsan taksi