КИМ КАРДАШИЈАН ВО РИМ Фустанот од тантела и изгледаше идеален за Ватикан

30 јуни, 2021
profimedia-0618616407

Ким одлета во Рим со својот тим за убавина каде ужива во ресторани и разгледување на знаменитостите

Ким Кардашијан веќе неколку дена е во Италија. Таму ја придружуваат нејзиниот фризер Крис Аплтон и долгогодишниот шминкер Марио Дедивановиќ, како и блиска пријателка и соработничка Трејси Ромулус. Тие пристигнаа во неделата и тргнаа директно кон Римскиот Колосеум за да го обиколат. „Тие имаа приватна тура со водичи и се шетаа низ знаменитостите разгледувајќи и учејќи ја целата историја. Тие беа во Колосеумот околу еден час. Фотографираа и влегоа во неколку области, внимавајќи да не пропуштат ништо“, изјави очевидец за Е! Вести. Нејзините фотографии во „некомпатибилната“ модна комбинација – тесно боди, сини, спортски шорцеви и апостолки на пета – го обиколија целиот свет, а таа продолжува да шокира со своите стајлинзи од ден на ден. Така, за обиколка на Ватикан, таа носеше чипкан, скоро проѕирен фустан со процепи на стомакот.

Kim Kardashian

Бидејќиво Рим не е на одмор, туку поради деловни обврски, Ким вчера отиде на состанок во Палацо дела Сита, зградата во која се наоѓа модната куќа Фенди. За таа пригода таа носеше тесен кафеав фустан со прерамки, а се заштити од силното сонце со капаче. Засега, точната причина за нејзиното пристигнување во Рим сè уште е непозната, но без сомнение Ким ќе блесне во нов деловен потфат. Таа неодамна на Твитер објави уште еден нејзин успех – натпреварувачките и атлетичарките во Токио, на Олимписките игри оваа година ќе носат специјално дизајнирана долна облека со нејзин потпис. Нејзината марка Скимс, имено, дизајнира долна облека, пижами и облека за дома за американските спортистки на Олимписките игри.

Kim Kardashian
escort - Korsan taksi