КЛОИ КАРДАШИЈАН НЕ ДОШЛА НА МЕТ ГАЛАТА ЗАТОА ШТО НЕ ЈА ПОКАНИЛЕ: Знаеме и зошто, фановите се бесни!

17 септември, 2021
Khloe-Kardashian

Познатите сестри Ким Кардашијан и Кендал Џенер го привлекоа целото внимание на овогодинешната Мет Гала благодарение на нивните комбинации на облека. Од друга страна, нивната сестра Клои немаше шанса да заблеска на црвениот тепих. Имено, таа никогаш, ниту оваа година, не била поканета на престижниот настан. А причината за тоа? Не е доволно популарна.

Khloe Kardashian

„The Sun“ пишува дека главната уредничка на водечкиот моден магазин „Вог“, Ана Винтур, која внимателно ја избира листата на гости, не ја смета Клои за „материјал за А-листа на sвезди“. Со други зборови, иако е Кардашијан, не е добро позната. Истото важи и за нејзината сестра Кортни, која исто така никогаш не била поканета на Мет Гала.

Оваа одлука ги налути многу обожаватели кои сметаат дека не е фер да се поканат на Мет Гала оние кои дефинитивно не се попопуларни од Клои.

Khloe Kardashian

„Ана Винтур оваа година покани ТикТокери на Мет Галата, но таа никогаш не ја покани Клои Кардашијан затоа што не ја смета за доволно позната, смешно!“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Заедно со Ким и Кендал, најмладата сестра од кланот Кардашијан-Џенер, Кајли Џенер, редовно доаѓаше на Мет Гала, но оваа година одлучи да остане дома.