Кога мама и тато се „поголеми деца“ и од тебе: Мечувалски двобој во Веро – Џамбо на ѕвездите од македонскиот естраден „спејс“ – Димитар Атанасовски и Сара Мејс (ФОТО)

9 септември, 2021
pogolemi

Водителот и маркетинг претприемач Димитар Атанасовски и пејачката и харфистка Сара Мејс важат за една од најскладните, но и „најоткачени“ брачни двојки. Посветени колку на работата и сопствените кариери, толку и на своето семејство,  потојано им се случуваат некои работи. Не чекајќи досадата да ги надвладее, а брачната монотонија да ги „убие“, самите и одат во пресрет на возбудата, забавата, шегата… Така е ем поинтересно, помалку здодевно, а и посимпатично и позабавно за сите, особено за најмладиот член во семејството – ќеркичката Илина.

Во деновите кога се заедно, како годишниот одмор, викендите или празничните неработни денови на пример, веселото семејство ако некаде и не замине на прошетка или адреналински викенд, наоѓа начин како да го помине времето корисно, интересно, дружељубиво и забавно.

Еден таков празничен ден – оној вчерашниот, започна со оро по дома и честитка за денот на независноста на таковината – Македонија. Илинче и тато Диме се фатија за рака, па два напред – три назад, боси на паркатот и фотографија пред сведоци за празнична честитка: „За многу години Македонци“!

Потоа прошетка за мини шопинг во познатиот  скопски „Џамбо“ маркет, а на излегување, полна количка играчки и реквизити,  ама и двајца подготвени за… двобој! Кој кого предизвикал не знаеме, ама затоа видовме кој прв се фати за мечот, па со него или „на него“ ја заврши битката во подземната паркинг гаража.

Мечувалско шоу со приказ на завидна умешност и вештини со светлечките мечови во стилот на Дарт Ведер и Лук Скајвокер од култниот филмски серијал „Војна на ѕвездите“, приредија мама и тато или поточно ѕвездите од македонскиот естраден „спејс“ – Димитар Атанасовски и Сара Мејс!

Се разбира, овој беше само на шега, од чиста забава и предизвик досадата да добие „нога“, а на малечката Илина да и биде забавно и фино, и да се почувствува како да е во  вистинско 5Д кино. А актерите беа толку уверливи,  што малата принцеза дури и ги затвори очите, зашто не можеше повеќе да гледа!

Кој ја однесе победата не дознавме, а и да знаеме нема да коментираме, бидејќи  на крајот сите беа победници. Особено мама и тато кои за момент беа „поголеми деца“ и од неа, нивната Илина, зашто… Зашто така треба!

Познатата брачна двојка она што го науми, тоа и го оствари… Впрочем: „Најважно нешто е детето во тебе, што покасно да остари“!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi