Кога самиот себе си ќе се победиш: Весна – Бејби објасни што е тоа успех и колку време ти треба за да го постигнеш (ФОТО)

25 март, 2021
vesna

Веројатно нема човек на планетава кој не посакува да биде успешен, барем во едно нешто во животот. Барем во една област, професија, натпревар… Да се реализира приватно и професионално е сонот на секој од нас. Уште ако тоа ги надминува вообичаените граници, а резултатите се над очекуваните, тогаш и задоволството е огромно, а ти за околината стануваш – посебен!

Но, сите што стигнале до врвот знаат дека патот до ѕвездите е посипан со трње, со илјадници препреки, стапици, предизвици, а покрај од Бога дадениот талент, за напорната работа и одрекувањата и да не говориме. Успехот има своја убавина, своја сласт и страст, но има и своја цена… Не ретко висока, како што не секој успева! Сепак, успешните се малцинство во морето на просечноста, па затоа некако и се сместени во „големата куќа на славните“, во алејата на великаните… Помали и ли поголеми или уникатни и единствени!

Македонија не е исклучок, како што не е ниту таа, која нема кој не ја знае, дури само ако се спомене нејзиниот прекар – „Бејби“! Уметнички или маалски- сеедно, важно е дека нема кој не знае која е, што е, каква е, колку знае, вреди, како изгледа… една од најпознатите македонски актерки, автор, радио и ТВ водител, писателка, продуцент, театарски педагог, … и што ти уште не, Весна „Бејби“ Петрушевска. Лице од театарската сцена, радио и ТВ етерот, но и надвор од тоа, пријател, другар, колега, самохрана мајка… и сето тоа за почит! Со еден збор: ВП – трејд марк за многу нешта!

Меѓудругото, Весна Бејби Петрушевска важи и за борец за различни парава, жена со отворен ум која нема предрасуди да го „одврзе и јазикот“ таму каде што треба и кога треба, без оглед дали некому тоа му се допаѓало или не и која цена затоа треба да плати?

Овој пат Бејби го прифати прдизвикот кој кружи на социјалните мрежи, наречен  #womanempoweringwoman, па одговори јавно да говори за својот успех. Што значи да бидеш успешна жена на овој свет, а да останеш своја… Силна, стабилна, цврста, а сепак нежна, среќна, успешна…?!

Еве го нејзиниот женски пост за „патот до успехот“, низ животот, професијата, предизвиците, проблемите, борбата со самиот себе и околината… И нејзината низа на бројки, поврзани со  успехот на Весна Бејби.

„Што е успех? Веројатно кога самиот себеси ќе се победиш. Колку време треба за тоа? Сигурно цел еден живот. На театарските сцени сум од 14 годишна возраст. Пред некој ден наполнив 51, а во мојот МНТ сум 27 години. Бројките се само низа на успехот.Жена во овој свет е да да бидеш свој,да знаеш да се радуваш,да плачеш да бидеш бесна поради неправди, да бидеш на браникот од суровиот живот и беспоштедната борба. Напишав книга за трофеизам #трофеј✅Учам деца актерска игра веќе 15 години и убедена сум дека тоа е единствениот пат да оставиш нешто за тие што доаѓаат после тебе. Продуцирав и автор бев на најгледаното тв шоу, Министерка е рекордер по продадени билети, единствена жена сум која се бави со стенд ап.Веројатно ќе престанам да творам кога ќе ме нема. Но и таму нема да престанам. Фала“ – напиша таа на својот Инстаграм профил пренесувајќи го предизвикот на уште неколку други дами, меѓу кои некои и познати, како каролина Гочева, Ана Шутиновска, Илина Арсова…!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi