Кој на македонската естрадна сцена (не знае што) е „пицајзла“ ? (ВИДЕО)

30 септември, 2021
pi

„Пицајзла“… Збор што сигурно многу пати сте го слушнале, можеби и самите употребиле, опшувајќи некои карактеристики, однесување, потези, карактерни особини… Воглавно на  други! И веројатно не сте биле далеку од вистината кога некому сте му рекле: „Досаден си како…, Или: Абе, дај не биди…

А можеби и не ви се допаднало кога за вас други го употребиле тој израз, иако биле во право или барем, така сметале… Биле или не биле, „пицајзла“ секој од нас барем еднаш испаднал во животот, се разбира со најдобри намери, деталите да бидат стокмени под конец, зашто знаете како велат: „Ѓаволот лежи во деталите…“  Арно ама, ако постојано инсистираш на нив, на најситните детали, веројатно ќе те наречат „пицајзла“. Икао всушност тој збор е само „жаргонски“ и во суштина означува нешто сосема друго.

За оние кои не знаат: „Пицајзла“ всушност е срамна вошка, а Pediculosis pubis е болест предизвикана од срамни вошки (лат. Phthirus pubis), паразитски инсект познат по инфицирањето на човечките генитални органи. Овој вид може да живее и на други делови од телото со коса, како што се трепките што предизвикуваат педикулоза цилијарис. Наезда обично доведува до интензивно непрестано чешање што е очајно здодевно, па дури и болно. Најчесто се пренесува при интимен контакт, но може да се добие и преку облека, покривки… и сл.

А дали познатите личности на македонската естрадна и јавна сцена знаат што значи зборот „пицајзла“ и дали можеби и  самите понекогаш така се однесуваат… Погледнете во прилогот што го направи естрадниот магазин од зад сцената – „Бекстејџ“:

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi