Кортни и Кендал во костими за капење ги покажаа бујните позадини (ФОТО)

29 јануари, 2021
144027735-474724723540864-4135876942130096157-n_YC6YmzX

Откако се дозна дека Кортни е со тапанарот на Blink-182, таа се опуштила со Кендал на базен. Девојките не беа нашминкани, па добија многу комплименти на сметка на изгледот

Кортни Кардашијан (41) со својата полусестра Кендал Џенер (25) се опуштија во бикини покрај базен во нејзината вила во Палм Спрингс. Тие исто така се фотографираа. Позираа со свртен грб и ја истакнаа бујната позадина.

Претходно, позираа со свртени лица кон камерата и јадеа овошје. Следбениците им рекоа дека треба почесто да позираат заедно и дека им се омилени.

Девојките не беа нашминкани, па добија многу комплименти на сметка на изгледот.

– Вие сте толку природни, убави сте. Ве обожавам – некои од коментарите кои се наоѓаат под фотографиите.

Кортни ги објави фотографиите откако се појавија гласини дека е со тапанарот на Blink-182, Тревис Баркер (45).

– Се гледаат месец-два. Тие беа пријатели долго време, но сè стана романтично. На Тревис веќе некое време му се допаѓа Кортни, изјави извор близок до парот за странските медиуми. Гулабите „скокнаа“ во Палм Спрингс, Калифорнија за време на викендот, каде што нејзината мајка Крис Џенер има куќа (65).

Инаку, Кортни претходно беше во врска со Скот Дисик (37) од 2006 до 2015 година и имаат три деца: синот Мејсон (11) и ќерките Реин (6) и Пенелопе (8).

Од друга страна, Тревис зад себе има два неуспешни брака. Тој беше оженет со Шана Моаклер (45) од 2004 до 2008 година и имаа две деца: син, Лендон, 17 и ќерка Алабама, 15. Се оженил со Мелиса Кенеди пред неа, но љубовта брзо „пукна“.

escort - Korsan taksi