Крај на познатата емисија: Елен Деџенерес го гаси микрофонот по 19 сезони

13 мај, 2021
elen-dedzeneris-830x0

Елен Деџенерис наводно ќе стави крај на своето ток-шоу „The Ellen Show“. Според Daily Mail, по 19 сезони и повеќе од 3.000 епизоди, извор близок до водителката открива дека на Елен ѝ е „доста од сè“ и дека таа веќе му кажала на својот тим „дека е готово“.

  • Рејтингот падна и навистина беше застрашувачки оваа година. Елен знае дека времето е истечено – наведува изворот.

Шоуто завршува откако неколку поранешни и сегашни соработници ја обвинија Елен (63) за „негување“ на токсична работна околина минатата година и затворање на очите пред вознемирување на извршните директори.

Според овој извор, Елен и компанијата Warner Brothers, која го реализира шоуто, се очекува да дадат јавен оглас веќе во среда попладне.

  • Шоуто ги изгуби гледачите откако во јавноста беа објавени приказните за токсичното опкружување околу Елен – истакнува изворот.

Според него, рејтингот на шоуто значително опаднал во поголемите американски градови, како што се Њујорк, Чикаго и Лос Анџелес.

Во интервју за The Hollywood Reporter, Елен на некој начин ја потврди веста.

  • Кога сте креативна личност, треба постојано да ве предизвикуваат – и колку и да е одлична и забавна оваа емисија, тоа едноставно повеќе не е предизвик – рече водителката.
escort - Korsan taksi