Криси Тајген ги напушти социјалните мрежи поради вознемирување: „Не можам да поднесам толку удари и грди зборови“

25 март, 2021
Screenshot_2

Криси објасни дека нејзината цел отсекогаш била да ги прави луѓето среќни, но во последно време болката што ја чувствува од разочарување кај другите луѓе е преголема за неа. „Отсекогаш сум претставувана како силна и борбена девојка, но едноставно не сум“, објасни таа. Во понатамошните твитови, Криси рече дека не научила „како да ја блокира негативноста“ и дека се чувствува „длабоко повредена“ од грдите зборови што ги доживеала на социјалните мрежи. „Јас ве охрабрувам да знаете и никогаш да не заборавите дека вашите зборови се важни. Без оглед што гледате, што таа личност навистина прикажува или која е нивната намера“.

Погледнете ја нејзината целосна проштална порака:

“Еј. Вие сте мојот свет повеќе од 10 години. Искрено му должам многу на овој свет што го создадовме овде. Јас навистина ве сметам за мои вистински пријатели. Но, време е да се збогувам. Ова веќе не е позитивен ефект, туку негативен и мислам дека е вистинско време да направам нешто. Мојата животна цел е да ги направам луѓето среќни. Болката што ја чувствувам кога не го постигнам ова е премногу за мене. Отсекогаш сум претставувана како силна девојка, но Јас едноставно не сум. Мојата желба да ви се допаднам и стравот да не ги разочарам луѓето ме натераа на некој што не сум и поинаква личност отколку што сум навистина. Ве молам, знајте дека вие те сѐ што ми значи!!! да знаете и никогаш да не заборавите дека вашите зборови се важни. Што и да видите, што покажувате или која е вашата намера. Со текот на времето, добив толку многу удари и грди зборови од моите следбеници, што повеќе не можам да издржам. Јас грешев со текот на годините пред илјадници, но јас бев одговорна за моите грешки. Тука научив неверојатно многу. Но, еднo никогаш не научив, а тоа е како да ја блокирам негативноста. Јас сум само чувствително срање, добро? Не сакам да бидам таква! Но едноставо сум! Но, ве сакам, уживав да поминуваме време заедно, навистина е така. И јас ве мразам.“

escort - Korsan taksi