Лицето на Џенифер Лопез изгледа малку поразлично на сликите од папараци отколку оние на Инстаграм, но сепак е преубава

28 април, 2021
jlo--nomakeup-selfie-lead

Пејачката и актерка Џенифер Лопез (51) за прв пат беше фотографирана во јавност по раскинувањето со пензионираниот бејзбол играч Алекс Родригез (45).

Папараците ја уловија пред студиото каде што моментално снима нов филм со Џош Духамел, каде пристигна со разбушавена коса, во бела тренерка и жолти чизми, а целото внимание го украде нејзиното лице кое се обиде да го сокрие зад огромни очила за сонце.

На фотографиите направени од папараците, Џенифер изгледа малку поразлично отколку на оние што ги споделува на Инстаграм и каде обично нема никакви брчки, иако остро негира дека користела филтер, како и дека се подложила на естетска операција.

На почетокот на оваа година, пејачката беше критикувана за претерување со Фотошоп, откако се појавија фотографии од нејзиниот одмор направени од папараците.

Интересно е и тоа што Џеј Ло на новите фотографии не го носи вереничкиот прстен вреден пет милиони долари со кој Алекс ја запроси на Малдивите пред нешто повеќе од две години.

Откако во официјалното соопштение за печатот потврди дека нивната свршувачка завршила, се дозна дека раскинувањето го иницирала Џенифер затоа што таа повеќе не може да му верува на Алекс, што за магазинот „People“ го откри нејзината блиска пријателка.

Кога првпат се појавија гласини за нивното раскинување, американските медиуми како причина ја наведоа „пријателството“ помеѓу Алекс и старлетата и ријалити sвездата Медисон ЛеКрој. Таа, наводно, пред неколку месеци потпишала договор за неоткривање податоци со Алекс, исто така познат како договор за доверливост. Нејзиниот колега од ријалити шоуто Шеп Роуз за US Weekly ја откри оваа информација, сугерирајќи дека можеби е направена некаква контрола на штетата.

Џенифер зад себе има три неуспешни брака – со кубанскиот келнер Ојани Ноу, кој траеше само 11 месеци, танчерот Крис Џад, кој траеше 2 години и латино-пејачот Марк Ентони, со кого има близнаци, а нивниот брак траеше најдолго – скоро 7 години. Таа беше свршена и со актерот Бен Афлек, но не застана со него на олтарот.

Алекс беше оженет со психијатарот Синтија Скуртис, со која се ожени во 2002 година, а тие се разведоа во 2008 година. Двојката се запозна во теретана, има две ќерки и таа поднесе барање за развод, наведувајќи ги „непомирливите разлики“.

Сепак, бејзбол играчот е познат по низата кратки авантури со познати дами, меѓу кои беа Мадона, Рита Ора, Кејт Хадсон и Камерон Дијаз.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi