Лила на возбудлив викенд во Охрид: Од гола во запенето џакузи со „поглед на дланка“, до селфи со питонот в рака! (ФОТО+ВИДЕО)

5 јули, 2021

Најпознатата македонска ТВ водителка Лила Филиповска реши да си приушти викенд задоволство и тоа онакво, какво што само таа може, знае и умее. Во друштво на колегата од временска прогноза на ТВ Сител, Спасе – „Рола“, Лила уживаше во убавините на Охрид и охридската ривиера.

Веднаш штом стигна и се смети, Лила максимално се раскомоти и комплетно се опушти уживајќи во залезот со поглед на како тепсија рамното, мирно езеро.

Следното утро нова панорама на езерската шир и крупен кадар на телесниот раскош на водителката.Лила  гола и запенета во своето собно џакузи „со поглед на дланка“,  следбениците на социјалните мрежи ги остави во дилема: Дали оној што ја снимаше во иста соба со неа спие и доби ли дозвола и грбот да и го истрие?

Или само со водителката го подели обилниот „рум сервис“ појадок во соба?

Денот сончев, убав, Лила најпрвин го мина на прошетка по езерската шир, возејќи се на глисер по водите на македонскиот бисер.

Приквечерината е време за прошетка низ градот и охридската чаршија, низ која може да се види различен свет, но еден човек и неговите „домашни миленици“ со години се тука. „Аждерот“ му е прекарот, а неговите 5-6 метарски питони се мамец за туристите, со кои истите со години наназад се фотографираат!

Лила се разбира не може да биде исклучок, па на ред дојде и Алфред! Ако утрината уживаше гола и запената во џакузи со поглед на дланка, сега реши да направи селфи со питонот околу врат и главата в рака!

Вечерта резервирана за журка, а таа вечер забавата беше насочена кон едно место – настапот на Карлеуша, па и Лила отиде да ја види и слуша!

И додека белградската „мала од скандала“ и нејзините танчарки на публиката, особено на онаа, машката и го одземаа здивот фрлајќи ја во транс и Лила беше една од оние што уживаа и „ѕенѕаа“ на нејзиниот музичко – танчарски перформанс!

Инсомнија и журка до зори, а другиот ден… споделени видеа и фотки малку за спомен, малку за реклама и инфлуенсерска заработка која е растечки тренд… Ако не друго, да се „извади“ поминатиот викенд!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi