МАЈЛИ САЈРУС ОБЈАВИ ГОЛО СЕЛФИ: Легнала во када и решила да го сподели луксузот со Светот (ФОТО)

21 март, 2021
Miley-Cyrus

Пејачката Мајли Сајрус малку остави на фантазијата на гледачите кога на Instagram објави фотографија на која позира во када. Имено, таа беше фотографирана гола, а ги покри нејзините гради со левата рака.

Мајли имаше бела маска за лице и два ѓердана околу вратот и уживаше во релаксирачка бања во саботата навечер. „Јас сум целосно гола, но и тоа е мода“, напиша таа во описот на објавата.

Се чини дека Мајли реши да се релаксира дома во саботата откако во петокот вечерта ја помина со колегата раперот Лил Нас Х. Двајцата вечерале во хотел, а подоцна се упатиле во непознат правец.

Подготвена е за нова љубов

Мајли накратко се повлече од очите на јавноста по нејзиниот епски настап на Super Bowl. Таа ги воодушеви здравствените работници, кои беа во публиката, и публиката со едночасовен настап, а на сцената ѝ се придружија легендарните музичари Били Ајдол и Џоан Џет.

„Ви благодарам, луѓе. Се надевам дека ќе имам повеќе вакви концерти. Тој сон може да биде реалност поради луѓе како вас … Нашата благодарност до вас е бесконечна “, им рече таа во тоа време на здравствените работници.

Инаку, Мајли по разводот со актерот Лиам Хемсворт има прилично бурен љубовен живот. Нивниот брачен кревет сеуште не се оладил целосно, а пејачката веќе била во врска со блогерката Кејтлин Картер. Нивната љубов згасна по неколку месеци, а Мајли потоа се вљуби во пејачот Коди Симпсон.

Двајцата беа во врска десет месеци, а раскинаа во август минатата година и најавија дека ќе останат добри пријатели. Мајли, вели, сè уште е слободна, но подготвена за нова врска.

escort - Korsan taksi