Меган Маркл за својот роденден носеше два ѓердани, кои привлекоа посебно внимание

5 август, 2021
tan2021-3-32022413291-830x0

„40 -ти роденден ми е и имам идеја…“, рече Меган

Меган Маркл одговори од нејзиниот луксузен дом во Калифорнија и разговараше со видео повик со актерката и комичарка Мелиса Мекарти за нејзиниот нов проект.

За време на разговорот, вниманието го привлекоа двата дизајнирани ѓердани на Меган, кои кријат посебно значење. Тие ги претставуваат хороскопските знаци на нејзините деца, синот Арчи, кој е роден во знакот на Бик и ќерката Лилибет, родена во знакот на Близнаци.

Ѓерданите се дизајнирани од Логан Холуел, а достапни се во 14-каратно злато и дијамантски или бел сафир. Според „Page Six“, ѓерданот посветен на Арчи чини 1.600 долари, а цената на ѓерданот посветен на нејзината ќерка е 1.785 долари.

Новиот проект на Меган е менторство на познати личности за да им помогне на жените кои бараат работа откако ќе ја изгубат за време на пандемијата.

-40 -ти роденден ми е и имам идеја. Со оглед на тоа што наполнив 40 години, барам од 40 мои пријатели да им дадат 40 минути од времето за менторство на жените кои бараат работа – објасни Меган.

escort - Korsan taksi