МЕГАН ОБЈАВИ ДОМАШНО ВИДЕО! Хари глуми кловн, а следбениците „вријат“ од БЕС!

6 август, 2021
421717_megannnnn_f

На крајот од видеото се појавува и Хари, кој жонглира во дворот

По повод нејзиниот четириесетти роденден, Меган Маркл го објави првото видео во кое се појавува по раѓањето на нејзината ќерка Лилибет Дијана, пишува Page Six.

Војвотката од Сасекс го сними видеото во нејзиниот дом во Монтесит, Калифорнија, а во еден момент можете да го видите бирото на Меган со досега невидени семејни фотографии.

За видеото што го објави на Instagram профилот на Фондацијата Archewell, Меган ја ангажираше актерката Мелиса Мекарти. Нејзината цел беше да го промовира својот нов проект 40×40, со кој сака да им помогне на жените кои останаа без работа поради пандемијата. Во позадина можете да видите едно од нејзините кучиња свиткано на перница позади неа.

На крајот од видеото се појавува и Хари, кој жонглира во дворот.

Заедно со коментарите за поддршка, имаше и такви од кои може да се види дека луѓето сѐ уште не можат да ѝ простат на Меган за минатото, семејните врски и луксузот во кој живее.

„Каква убава идеја, се надевам дека и ти ќе поминеш 40 минути со татко ти затоа што времето е подарок“, „Добро е да се види дека имаш кловн за жонглирање“, „Најдобриот дел од целото ова видео е кучето“, се само некои од коментарите на следбениците кое видеото не ги импресионираше.

За време на разговорот, вниманието го привлекоа двата дизајнерски ѓердани на Меган, кои ги претставуваат хороскопските знаци на нејзините деца, синот Арчи, роден во знакот Бик и ќерката Лилибет, родена во знакот Близнаци.

escort - Korsan taksi