Метју Пери ја раскина свршувачката со 22 гидини помладата девојка

2 јуни, 2021
pjimage-2021-06-02t123752-359

Пери и Хурвиц ја раскинаа свршувачката откако актерот се соочи со критики за испраќање пораки до малолетници. Покрај тоа, тој изгледаше многу лошо на неодамнешната премиера на собирот на познатата серија „Пријатели“

Метју Пери (51) одеднаш ја раскина свршувачката со Моли Хурвиц (29), пренесува People.

– Понекогаш работите едноставно не функционираат и оваа е една од тие. На Моли ѝ посакувам се најдобро – рече Пери.

Пери и Хурвиц започнаа да се забавуваат во 2018 година, а се верија во ноември 2020 година.

– Решив да се верам. За среќа, јас сум во врска со најдобрата жена на светот – рече тогаш актерот.

Многу таблоиди пишуваа дека двојката раскинувала неколку пати во тој период, но дека многу брзо се смирувале.

escort - Korsan taksi