Миа Костова летото го поминува надвор од Македонија, а сега ја објави и првата фотографија во бикини: „На толку фоловери немам слика за „их, бе машала“

7 јули, 2021
mia

Летната сезона и одмори се во полн ек, а дамите како едвај да чекаа да го распослат својот сексапил на плажа.

Некои повеќе, некои помалку го покажаа своето (не)совршено тело, а на нивните социјалните мрежи може да се забележат фотографии во бикини.

Откако попуштија корона протоколите и малце стивна ситуација со коронавирусот, луѓето се опуштија, па се „распуштија“ на плажа.

Некогашната македонска водителка, а сега инфлуенсерка Миа Костова ова лето го минува надвор од Македонија.

Имено, Костова заедно со нејзиниот син и нејзината пријателка Тијана Кулиќ овие три месеци ќе ги поминат во соседството односно Албанија.

Инфлуенсерката уште пред неколку месеци најави дека ќе нема да биде во Скопје за време на летниот период, а во Албанија освен тоа што ужива, таа е дел од ПР-от и маркетингот на „Havana Beach“.

Токму поради тоа често на социјалните мрежи споделува фотографии од местото каде и одмара и работи, а на своите следбеници им го препорачува велејќи дека е одлична дестинација за одмор.

Миа речиси секојдневно споделува фотографии од нејзиниот работен одмор, покажувајќи како го поминува времето.

Костова досега објавуваше често објави, но на ниту една не е во бикини.

Таа сега се одлучи на својот „Инстаграм“ профил да ја сподели и првата фотографии во бикини за ова лето и го покажа своето разголено тело, но и своите бројни тетоважи.

-На толку фоловери немам слика за ‘их бе машала, многу си слатка срц’. Мислам дека е многу некоректно од моја страна. Еве една, следна којзнае кога пак“, напиша таа покрај постот.

Објавата за краток период доби над 4 000 лајкови, а под неа коментар остави и водителката Марјана Станојковска која остави срце за својата колешка.

Инаку, Костова откри дека ако биде сѐ како што треба во Албанија ќе остане до крајот на август.

escort - Korsan taksi