Миленичката на Евровизија од Малта падна во обложувалниците по првата проба. Еве кој ја престигна

10 мај, 2021
евровизија малта

Иако многумина се обложуваа на Малта како конечен победник, ситуацијата сепак може да се покаже нешто поинаку на Евровизија

Претставникот на Малта на годинашната Евровизија, Дестини (18) беше апсолутен фаворит до првата проба на претстојниот настап, но по пробата, таа падна на второто место во обложувалниците и беше престигната од француската претставничка Барбара Прави, која сè уште немала проба.

Имено, Дестини на пробата носеше розова комбинација облека, која не криеше премногу, а на нозете имаше чизми во иста боја, кои ,, беа непослушни ” за време на настапот, и ѝ паѓаа под колената.

Фановите на Евровизија се воодушевени од нејзиниот вокал, но многумина беа разочарани од сценскиот настап и стајлингот.

Дури и сериозни критичари на Евровизија, како што е тимот на Вивиблогс, велат дека сценскиот перформанс е многу лош – не само поради стајлингот и фактот дека Дестини не танцува, туку и поради нејзината несигурност на сцената и постојаното гледање во подот.

Иако многумина се обложуваа на Малта како конечен победник, ситуацијата сепак може да се покаже нешто поинаку.

escort - Korsan taksi