На Ване Маркоски му се исполни желбата која ја посакува уште од дете: „Не за џабе рекле пази што посакуваш“ (фото)

25 мај, 2021
ване

ТВ водителот Ване Маркоски пред неколку месеци започна со работа на утринската програма на Македонската телевизија како и на Радио 2.

Извесен период пред да го отпочне својот ангажман во националниот сервис, Ване имаше пауза од работа, но периодов новата медиумска куќа му овозможи да биде доста активен на професионално поле.

Имено, во саботното финале на Еврозивија на Ване му беше доделена задачата за која сонувал уште од дете.Содржината продолжува после огласот

Тој ги презентираше поените кои ги додели Македонија на земјите учеснички на финалнта ноќ и се појави пред европската публика на големото музичко случување. Во врска со оваа телевизиска можност Ване се огласи на својот Фејсбук и во објавата вели:

-Студио 6, МРТ. Од тука вечерва ќе ги презентираме бодовите од македонското жири за Евровизија За некого само финале, за мене 15 секунди исполнување на желба од дете, силна желба на човек кој ја сака телевизијата, да се појавам и одработам за овој голем настан и да ги преставам бодовите од националното македонско жири .Кратки, ама одговорни секунди …Не за џабе рекле “пази што посакуваш”, напиша Ване чија сатисфакција од сработеното беше евидентна.

Концизен, позитивен, насмеан, таков беше нашиот презентер кој 12-та од Македонија ја додели на „Хурикејн“ или преставничките на Србија за песната „Локо локо“.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi