Наоми Кембел откри што ѝ помага од кога престана да пуши

25 јануари, 2021
1394247

Познатата манекенка Наоми Кембел со години се обидува да се откаже од пушењето и реши да го повтори тоа за Нова Година

Наоми Кембел донесе новогодишна одлука – престанува да пуши. Но, како што добро знаат сите зависници од никотин – полесно е да се каже отколку да се направи.

Славната манекенка го пронашла својот метод за да си помогне во текот на 21 ден, според кој, телото треба да се исчисти од никотин. Наоми Кембел секој ден плива во океанот.

„Престанав да пушам на новогодишната ноќ. Секое попладне одам да пливам во океанот еден час, два или едноставно да седам во океанот. Ми помага да ги исчистам белите дробови бидејќи на моето тело му требаат 21 ден да се ослободам од целиот никотин “, рече 50-годишната Наоми Кембел.

Моделот неколку пати се обиде да се откаже од пушењето. Пробала никотински фластери и дури и дала шанса на хипнозата, но досега ништо не ѝ помогнало.

Наоми Кембел уживаше во посета на Кенија во Африка на почетокот на оваа година. Но, неодамна доби лоша вест што ја сподели на својот Instagram.

Кумот на моделот и 24-годишниот син на Стефани Сејмур и Питер Брант, Хари Брант се предозираше и почина. На младиот човек му беа само неколку дена од одењето повторно на третман за зависности.

„Хари, зеде дел од моето срце. Никогаш не се осудувавме едни со други, нашата врска беше секогаш искрена. Си замина премногу млад. Јас секогаш ќе те сакам безусловно“, се прости Наоми Кембел од Хари Брант со трогателна порака напишана со големи букви.

escort - Korsan taksi