Не ни помисливме дека домот на славниот Оскаровец може да биде помалку ексцентричен од него!

7 јуни, 2021
suriselidba-1

Sвездата на „Модерното семејство“ Џеси Тајлер Фергусон го продаде својот дом во областа Лос Фелиз во Лос Анџелес за 7,1 милиони долари или скоро три милиони долари повеќе од имотот што го чинеше во 2013 година кога го купи. Купувачот кој издвои толку многу пари за вилата не е ни повеќе ни помалку од оскаровецот Леонардо ди Каприо. Sвездата на „Титаник“ минатиот месец го купи имотот, изграден во шпански колонијален стил во 1928 година, но се чини дека ќе мора да издвои повеќе пари за украсувањето. Имено, сите 460 квадратни метри простор беа замислени и дизајнирани од сценографот на хит серијата „Вил и Грејс“ Питер Гурски, кој му го даде својот некако необичен печат, а тој се разликува од оној во претходните недвижнини на Леонард.

Веќе на влезот, стрмните скали и рачно издлабената влезна врата врамени во раскошна бугенвила привлекоа внимание. Ѕидовите на двокатната библиотека се насликани во светло зелена нијанса и се украсени со големи слики од карти за играње, а мебелот во таа просторија е во боја на синап. Покрај четири спални и четири бањи, вилата има домашно кино, теретана, голема кујна и пространа дневна соба што најмногу рефлектира комбинација на модерен и антички стил. Тоа е втора недвижност што ја купи за Леонард во споменатото маало, а првата му ја подари на својот татко Џорџ. Неговата постојана адреса е сè уште онаа во „The Bird Streets“, каде што тој поседува огромна вила со три базени и големо спортско игралиште, а колку време ќе помине во новата вила е непознато.

escort - Korsan taksi