Не престануваат да ја напаѓаат ќерката на Џеј Ло, бидејќи не се облекува и шминка како мајка и

23 август, 2021
Untitled-design-24-1920x1536

Американската актерка и пејачка Џенифер Лопез го привлекува вниманието каде и да се појави. Во какво издание и да ја видиме латино дивата секогаш воодушевува со својот изглед.

Но, веќе некое време нејзината ќерка Ема е мета на критики. Имено, таа сака да се облекува во широки алишта, а исто како што можете да видите на фотографијата, не се грижи за нејзиниот изглед, за разлика од повеќето девојки на нејзина возраст. Неодамна ја обои косата во сина боја. На социјалните мрежи се појавија негативни коментари од корисници кои не ја поддржуваат ќерката на Џеј Ло.

„Она кога мајка ти е Џенифер Лопез, а ти изгледаш вака“, „На кого ли е ваква?“, се некои од коментарите.

За жал, има многумина што ги оценуваат и гледаат луѓето преку физичкиот изглед, но некои не знаат дека Ема на 13 -годишна возраст веќе има напишано своја книга „Господи помогни ми“, која е многу пофална и вреди да се спомене, и работи на нова книга за деца. Ема има и музички способности, па настапи на Супербоул заедно со нејзината мајка и Шакира, а тие ја изведоа песната „If Aint Got You“, тогаш ја пофали и Алиша Кис. Покрај тоа, активна е во хуманитарна работа, но некои работи секогаш ќе бидат во сенка на она што е многу поважно за светот, а тоа се облеката, изгледот, фризурата…

escort - Korsan taksi