НЕМА НИ ТРАГА ОД ОНАА УБАВИЦА: Алкохолот и бројните пластични операции целосно го и го уништија лицето! (ФОТО)

4 октомври, 2021
191183_epa-epa-ian-langsdon_ls

Некогаш пленеше со нереалната убавина, денес Карла Бруни не личи на себе

Некогаш, 52-годишната Карла Бруни беше топ модел, пејачка и текстописец. Денес, таа е сопруга на поранешниот француски претседател, но се уште снима албуми. Италијанката порано ја красеше неверојатна убавина, но за жал, подлегна на бројни операции, ботокс и слично, поради што денес е видно изобличена. Во брак е со Саркози од 2008 година. Нејзините медиумски настапи денес се многу ретки, па сите беа изненадени од интервјуто за британскиот „Телеграф“, во кое зборуваше за карантинот со своето семејство, но и за проблемите со алкохолот.

“Кога пијам, претерувам. Размислував, ако го поминам карантинот пиејќи алкохол, готова сум, мртва сум. Не знам како да бидам умерена”, рече Карла Бруни, додавајќи дека успеала да го надмине овој проблем за време на карантинот.

До својата 20 -та година, Карла Бруни беше меѓу 20 -те најдобро платени модели во светот, и заведе многу познати и постари мажи. Таа беше со Мик Џегер и Ерик Клептон, а мажите ширум светот воздивнаа по неа.

Karla Bruni

Ниту јавноста не можеше да се засити од нејзината убавина и шарм, а поинформираните извори тврдат дека Саркози полудел за време на првата средба во 2007 година. Се шпекулираше дека таа го завела и американскиот претседател Доналд Трамп, а медиумите често знаат да коментираат дека неговата сегашна сопруга Меланија Трамп неодоливо личи на Карл Бруни.

Се зборуваше за нејзината убавина, и каде и да се појавеше, привлекуваше големо внимание. Во желбата да го задржи младешкиот изглед, Карла претера со пластичната хирургија, па остана само бледа сенка од таа убавина.

Покрај тоа, прекумерната конзумација на алкохол остави трага на нејзиното лице.

escort - Korsan taksi