НОВ СКАНДАЛ! Популарната пејачка ја претепала својата куќна помошничка?! Вклучена била и полицијата

22 август, 2021
414330_brtni_iff

Драмата околу пејачката Британи Спирс не престанува. Штом се ослободи од тортурата на нејзиниот татко, против неа беше поднесено ново обвинение од страна на долгогодишната куќна помошничка.

Според TMZ, Бритни наводно и го грабнала телефонот од рацете на куќната помошничка откако однела едно од нејзините кучиња кај ветеринар.

Наводно, куќната помошничка и рекла на полицијата дека однела едно од кучињата на пејачката на преглед, бидејќи тврдела дека не е задоволна од здравјето на миленичето. И потоа настанала драмата.

По враќањето, тврди дека таа и Бритни се скарале околу здравјето на миленичето, а потоа пејачката наводно и го исфрлила телефонот од рака.

Слугинката поднела пријава поради овој инцидент.

Бритни и нејзиниот тим изјавија дека помошничката ги измислува работите и дека „случајот нема да отиде подалеку од ова“.

Овие тврдења дојдоа за време на правната битка на поп sвездата со нејзиниот татко Џејми.

Неодамна, Џејми Спирс се согласи да се повлече од таа улога, на задоволство и на Бритни и на нејзините многубројни обожаватели.

escort - Korsan taksi