Откако раскина со моделот, Скот Дисик ја бакнува младата ќерка на славниот холивудски пар

7 март, 2021
ww

Додека многумина се надеваа дека поранешните партнери Кортни Кардашијан и Скот Дисик ќе се помират, тоа нема да се случи. Неодамна јавноста дозна дека 41-годишната Кардашијан најде среќа во прегратките на долгогодишниот пријател, 45-годишниот Тревис Баркер, тапанар на групата Blink-182, додека Скот и даде нова шанса на љубовта со младата Амелија Хамлин.

19-годишната Амелија е ќерка на славната актерска двојка Лиза Рин и Хари Хамлин, кои не беа премногу среќни кога дознаа за врската меѓу нивната помлада ќерка и ѕвездата на реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ кој го дели старателството над трите деца со Кардашијан.

Amelia Hamlin

Извор близок до семејството за US Weekly изјави дека Лиза и Хари првично биле скептични во однос на одлуката на нивната ќерка да стапи во врска со Дисик, но набргу се помириле со тоа, сфаќајќи колку е среќна Амелија.

Lisa Rinna i Harry Hamlin

Амелија и Скот започнаа да се гледаат во ноември минатата година, кога беа видени заедно на забава, а веста беше потврдена на Денот на вљубените. Иако многумина се сомневаат во сериозноста на нивната врска, пред се поради големата разлика во возраста, Дисик очигледно има сериозни намери со младешката убавица.

escort - Korsan taksi