Откриено е зошто Меган Маркл нема да присуствува на погребот на принцот Филип

12 април, 2021
meghan-markle-megan-markl-prince-harry-princ-hari-1-830x0

Шпекулациите за повторното враќање во кралската палата на Меган Маркл беа прекинати со информациите што пристигнаа од портпаролот од Бакингемската палата.

Имено, Хари, војводата од Сасекс, сепак ќе присуствува на погребот на неговиот дедо принцот Филип и сопругот на кралицата Елизабета Втора, кој почина мирно во замокот Виндзор во петокот наутро на 99-годишна возраст.

Сепак, неговата сопруга Меган Маркл, војвотката од Сасекс, нема да биде присутна, изјави портпаролот на Бакингемската палата.

Всушност, бидејќи парот живее во Калифорнија, а лекарот ја советуваше војвотката Меган Маркл, која е бремена, да не патува во Велика Британија, таа нема да присуствува на погребот на принцот Филип.

Двојката му оддаде кратка почит на дедото на Хари на веб-страницата на нивната организација Архив.

  • „Во спомен на Неговото кралско височество, војводата од Единбург, 1921-2021 година“ – се наведува во соопштението.
  • „Ви благодариме за услугата … многу ќе ни недостасувате“ – пишува во соопштението.
escort - Korsan taksi