Пејачката Сани Гроздановска доби секси роденденски подарок, го покажа, ама не го проба… или го проба, а неговата моќ ја почувствуваа и машки раце? (ФОТО)

26 мај, 2021
sani

Роденден е денот што го чекаме, цела година… Та биле деца мали или возрасни, сеедно, денот мора да се прослави, во зависност од условите, околностите и можностите. Коронапанедемијата полека како да стивнува, но масовните дружби се’ уште не се дозволени, па затоа македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска роденденската прослава ја организираше поскромно, но сепак славје имаше. И тоа каде, ако не кај нејзиниот најдобар пријател, колега и соработник, Трајче Толевски во неговата кафеана, која и се погоди како измислена за роденденската прослава на пејачката.

А стариот „скопски боем“ знае како тоа да го направи, особено кога се во прашање драги колеги и колешки, па на Сани и приреди роденденска организација за фасцинација: И амбиентот и храната, а Бога ми и газдата – топ, како што славеничката и сама ги пофали Трајче и неговата кафеана, „Камин кама“.

Но, за топ прослава, потребна е и топ гардероба, па роденденскиот стајлинг Сани и го препушти на нејзината исто така пријателка и сограѓанка, проверената модна дизајнерка Ива Спасовска и нејзиното модно атеље „Ива“.  Двете кумановки оддамна се познаваат и соработуваат, па затоа дизајнерката најдобро знае на фолкерката да и ја земе  мерката, па што се вели и без проба да и стокми совршена гардероба. Онаква, каква што најдобро на Сани ќе и прилега за славеничка прилика.

Затоа пејачката ја посети својата сограѓанка во нејзиното модно катче, па проба неколку варијанти, чисто онака, за илустрација, за да види во која комбинација изгледа како вистинска роденденска грација?!

На вито тело  му прилега и посмело парче, можеби ултра кусо со шлиц од страна и отворен грб што ја покажа големата тетоважа на Сани, која сепак се одлучи за малку поинаква, исто толку смела, но поелегантна комбинација.

Патем, не изостана ниту роденденскиот подарок од „кројачката“ за пејачката: Комплет секси долна облека од тантела, со роденденска посвета од креаторката за интерпретаторката: „Среќен роденден душо“, на картичка за посвети со нејзиното мото:  „Моќта е во твои раце“!

Сани во модното атеље на Ива трпеливо ги пробуваше модните комбинации за роденденското славје, а ја отвори и кутијата со секси подарокот. Го покажа, ама него не го проба… не барем пред камерата на мобилниот.

Дали и колку подарокот има моќ, можеби таа роденденска вечер дозна некој друг, „за лека ноќ“?

Судејќи по фотографиите од роденденската прослава на Сани, веројатно истата имала и „after party“. А моќта на подарокот од креаторката, многу или малце, ја почувствуваа и машки раце? На обострано „роденденско задоволство“, се надеваме?!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi