По 12 години „тишина“ Бритни Спирс сака да ја отвори душата пред Опра Винфри и да раскаже низ што поминала

21 март, 2021
britney-spears-2-830x0

Таткото на Брита управува со целиот имот на пејачката веќе 12 години и ги носи сите приватни и деловни одлуки во нејзино име

Откако принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја шокираа светската јавност со интервјуто со Опра Винфри, странските медиуми пишуваат дека славната водителка може да ја угости и на поп-sвездата Бритни Спирс.

Бритни „молчи“ 12 години, колку што нејзиниот татко Џејми Спирс има старателство над неа и располага со целиот нејзин имот, а блиски до пејачката тврдат дека таа сака да си ја отвори душата и да раскаже што се случило и низ што поминала.

– Бритни размислуваше да зборува за своето минато, најмногу само затоа што смета дека другите не треба да ја раскажуваат нејзината приказна. Отсекогаш мразела да дава интервјуа, но ако некогаш се реши да го стори тоа, Опра најверојатно би била нејзиниот прв избор – вели изворот.

Поп-sвездата е позната по тоа што не сака интервјуа поради медиумската осуда што ја претрпе во најтешките моменти во животот, но има доверба во Опра, а охрабрувањето да зборува и е дадено од луѓе кои го осудуваат нејзиниот татко и ја поддржуваат.

Да се потсетиме, таткото на Бритни, Џејми управува со целиот нејзин имот веќе 12 години и ги донесува сите приватни и деловни одлуки во нејзино име поради нејзината кратка психијатриска хоспитализација во 2008 година. Пред неколку години, движењето #FreeBritney започна да се шири на социјалните мрежи, поткрепено од нејзините обожаватели кои се борат Бритни да се „ослободи“ од нејзиниот татко.

Бритни имаше јавен нервен слом во 2007 година кога ја избричи косата, а документарецот на Њујорк Тајмс наречен “Framing Britney Spears”, откри што претходело на распадот на славната пејачка.

Имено, во 2007 година, Бритни ненајавено се појави пред куќата на нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн и сакаше да ги види своите синови Шон и Џејден. Откако Кевин не и дозволи, таа се упати кон најблискиот фризерски салон и побара од фризерот да и ја избричи главата пред повеќе од 70 папараци.

escort - Korsan taksi