По Анастасија Ражнатовиќ, Луна Ѓогани, Емина Јаховиќ….уште една позната пејачка му укажа доверба на Дарко Димитров

11 март, 2021
darko dimitrov

Македонските јавни личности, но и мнгоубројни познати од регионалнта музичка сцена често доаѓаат на адреса кај македонскиот мајстор за уметничко дело, композиторот Дарко Димитров.

Поради пандемијата со коронавирусот која трае од претходната година, изминатиот период познатите помалку работеа на нови музичка дела, но некои од нив се одлучија да влезат во студио и да подготват нешто ново за фановите.

Тамара Тодевска, Лина Пејовска, Наташа Беквалац, Емина Јаховиќ, Анастасија Ражнатовиќ, Луна Ѓогани  знаат да се најдат во студиото на Дарко каде се „крчка“ нов хит.

По многубројни пејачи/пејачки од македонската и српската естрада, деновиве уште една пејачка  му укажа доверба на Димитров.

Имено, станува збор за Илма Карахмет која публиката ја памети по нејзиното учество во „Х фактор“

Дарко на својот „Инстаграм“ објави фотографија од студиото заедно со Илма, а во описот напиша „нова музика“.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi