По долго време: Адел се појави во јавноста и изгледа подобро од кога било! (ФОТО)

28 април, 2021
1450347

Поминаа месеци откако последен пат имавме можност да ја видиме британската пејачка Адел, која во последните години го пресели својот живот во Лос Анџелес. Токму таму, по доделувањето на овогодинешните Оскари, се одржа забава на која присуствуваше и таа

Во добро расположение, Адел пееше и танцуваше цела ноќ со своите славни пријатели на забавата што се одржа по годинашните Оскари.

Познатата британска пејачка немавме шанса да ја видиме со месеци, а што може да се заклучи од фотографијата што нејзината пријателка, актерката Амбер Шарда Робинсон, ја објави на нејзината Инстаграм приказна, изгледа подобро од кога и да е.

Двете пријателки направија селфи, шминкани и со добро расположение, а таа фотографија едвај ја дочекаа нејзините обожаватели, со кои споделуваше информации во последните неколку години.

Она што може да се заклучи е дека британската пејачка и по официјалниот развод со Симон Конецки, со кого има син, сепак многу внимава на својот изглед и се држи до својата нова фигура, обидувајќи се многу многу да не се најде во борба со вишок тежина повторно.

escort - Korsan taksi