Потврди дека е во врска со менаџерот на Леброн Џејмс! Трансформираната Адел ја објави првата слика со своето момче

20 септември, 2021
adele-830x0

Пејачката беше на свадба со својот партнер

Познатата пејачка Адел конечно официјално потврди дека е во врска со Рич Пол, агентот на кошаркарот Леброн Џејмс.

Пејачката на својот Instagram објави серија фотографии од венчавката на кошаркарот на НБА, Ентони Дејвис, на која беше со Рич. Сепак, таа ја сподели нивната заедничка фотографија само на крајот од серијата фотографии и додаде само емотикон срце во описот.

Адел блескаше во тесен црн фустан, со изразени, пуфнасти детали на рамената, додека нејзиниот партнер беше во елегантно одело.

Пејачката покажа совршена линија откако ослабе повеќе од 50 килограми, а на заедничката фотографија Адел и Рич се смешкаат, потпрени со главите.

Нивната слика, како прва официјална потврда од пејачката, предизвика лавина реакции кај нејзините обожаватели и за помалку од 24 часа собра повеќе од 6,5 милиони лајкови.

Инаку, Адел и Пол беа неколку пати заедно фотографирани во јавноста и светските медиуми зуеа за нивната врска, сепак, пејачката не се огласи. Се зборуваше дека нивната врска не е сериозна, но по објавата на Адел, многумина веруваат дека ја зацврстиле својата врска и дека имаат заеднички планови за иднината.

Да потсетиме, Адел се разведе од сопругот Симон Конечки во 2019 година, со кого го има синот Ангел, по што се посвети на себеси и своето здравје, па изгуби повеќе од 50 килограми по разводот.

escort - Korsan taksi