Повеќе не премолчува и не се воздржува за никој! Меланија Трамп сурово одбруси на критиките во врска со уредувањето на градината во Белата куќа

12 август, 2021
326034_profimedia0622550315_ff

Иако во улогата на првата дама на Америка беше заменета со Џил Бајден, сопругата на Џо Бајден, никој не може да ја заборави волшебната Меланија Трамп. Иако Меланија ретко се појавува во јавноста откако се пресели во Флорида, а во последно време имавме можност да ја видиме само еднаш, убавата Словенка беше цел на критики.

Станува збор за уредувањето на градината со рози во Белата куќа, поради што историчарот Мајкл Беслос јавно ја критикуваше на Твитер. Тој го коментираше потегот на нејзиното преуредување и објасни со фотографија од градината зошто е незадоволен.

„Евисцерација на градината со рози во Белата куќа беше изведена пред точно една година овој месец, и еве го мрачниот резултат: исчезнаа децении на американската историја“ – напиша историчарот со фотографија на која не може да се видат рози.

Меланија, која обично молчи за критиките, овој пат реагираше и не беше премногу дипломатска. Покрај тоа, таа историчарот го нарече игнорантен.

„Тој го докажа своето незнаење со прикажување слика на градина со рози на самиот почеток на цутењето. Градината е украсена со здрави и шарени рози“ – додаде Меланија на Твитер, со фотографија од прекрасни цвеќиња пред Белата куќа.

„Неговите погрешни информации се нечесни и никогаш не смееме да му веруваме како професионален историчар“ – смета сопругата на Доналд Трамп.

Инаку, оваа година беше активирана петиција, со барање актуелната прва дама Џил Бајден и Даг Емхоф да го вратат стариот изглед на градината. Досега, петицијата има над 800.000 потписи.

escort - Korsan taksi