Познати детали од големата прослава: Бекамови славеа со својот син во Мајами

23 февруари, 2021
1413006

Минатиот викенд се одржа специјална прослава во веројатно најпопуларниот ресторан во Мајами, „Комодо“ – третиот син на Викторија и Дејвид Бекам, Круз, го прослави својот 16-ти роденден, а на социјалните мрежи наскоро се појавија фотографии

За богатите и славните, се чини дека важат некои други правила. Иако пандемијата на коронавирусот сè уште трае, насекаде низ Светот, семејството Бекам не го спречи тоа за јавна прослава на големиот 16-ти роденден на нивниот син Круз.

Роденденската забава беше организирана преку океанот, во популарниот ресторан „Комодо“ во Мајами, каде на семејството му се придружи нивниот пријател, латино пејачот и поранешен сопруг на Џенифер Лопез, Марк Ентони.

Тие имаа свој посебен дел во ресторанот, каде што гостите му пееја „Среќен роденден“ на Круз Бекам, а потоа дувнаа свеќи на раскошна трикатна торта, украсена во street-art стил.

„Другите гости на ресторанот навистина не можеа да ги видат, најмногу затоа што беа во изолиран дел, но неколкумина кои вечераа недалеку од нив, ја видоа роденденската забава и ги препознаа славните лица“, открил изворот.

Покрај 16-годишниот Круз, Бекамови ги имаат и 21-годишниот Бруклин, 18-годишниот Ромео и семејната душичка, деветгодишната Харпер.

escort - Korsan taksi