ПРЕТАЖЕН ПОСТ НА ПОЗНАТАТА КОМИЧАРКА: Замрзна јајце клетки, а сега ѝ стигна и лоша вест, жените плачат низ целиот свет!

5 мај, 2021
жените плачат

Се бори со неплодност!

Актерката сочувствува со сите жени кои се борат со неплодност.

Австралиската актерка и комичарка Ребел Вилсон на својот Инстаграм профил ја сподели тажната вест.

Имено, актерката во последно време целосно се посвети на здрав начин на живот, па ослабе неверојатни 30 килограми. Пред да започне со процесот на слабеење, Ребел замрзна јајце клетки и им го соопшти тоа на пријателите во декември минатата година. Таа сега објави во својот пост на Инстаграм дека добила лоши вести и дека ги разбира сите жени кои се борат со неплодност.

Денес добив лоши вести и немав со кого да ги споделам … Но, претпоставувам дека треба да кажам некому. Сочувствувам со сите жени кои се борат со неплодност. Универзумот работи на мистериозен начин и понекогаш сето тоа нема никаква смисла. Но, се надевам дека светлината наскоро ќе светне низ сите темни облаци – напишала актерката покрај фотографијата на која позира на карпестиот брег.

Таа исто така рече дека поддршката што ја доби преку социјалните мрежи и значи многу, па им се заблагодари на сите, а обожавателите и овој пат ја опсипаа со позитивни коментари.

„Ви испраќаме љубов“, „Држете се“, „Те сакаме“, беа само некои од коментарите.

escort - Korsan taksi