Принцот Хари и Меган Маркл го прекинуваат молкот со гостување кај Опра: Ќе зборуваат за напуштање на палатата

16 февруари, 2021
opra-vinfri-megan-markl-princ-hari-830x0

Двојката го чека второто дете

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Американката Меган ќе го прекинат молкот за нивното заминување од Бакингемската палата во интервју кое ќе биде дадено во емисијата на познатата американска ТВ sвезда Опра Винфри следниот месец.

Принцот Хари и Меган, кои во неделата објавија дека го очекуваат второто дете, минатата година ја шокираа јавноста и семејството кога објавија дека планираат да го напуштат животот со кралското семејство.

Двојката се пресели во Јужна Калифорнија минатата година со својот син Арчи и потпиша повеќегодишен договор за продукција со Нетфликс, кој во голема мера ги обезбеди нивните планови да живеат независно од кралското семејство.

escort - Korsan taksi