ПРИВАТЕН ДЕТЕКТИВ МУ ВЛЕЗЕ ВО ТРАГА „Бред ја изневерувал Анџелина со проститутки“

26 мај, 2021
Angelina-Jolie-i-Brad-Pitt-na-Golden-Globesu

Нивниот брак, сепак, не бил идиличен како што се сметаше

Врската меѓу еден од најпопуларните холивудски парови, 45-годишната Анџелина Џоли и 57-годишниот Бред Пит, не престана да ја интересира јавноста дури и шест години по раскинувањето. Што точно се случило меѓу нив што тие одлучија секој да тргне по својот пат и да се бори на суд за старателството над шесте заеднички деца – 19-годишниот Медокс, 16-годишниот Пакс, 15-годишната Захара, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен, никој со сигурност не може да каже.

Brad Pitt

Како и да е, цело време се појавуваат нови наводи за причините за нивното раскинување, а покрај проблемот со алкохолот и насилното однесување на Бред, сега има тврдења дека Пит ја изневерувал Анџелина со проститутки. Наводно, Анџелина ангажирала приватен истражител кој извесно време го следел Пит и открил дека славниот актер неколку пати посетувал бордел и ја изневерил Џоли со проститутки, а освен што уживал во прељубата, користел и тешки дроги, пишува „ Page Six“.

brad pitt

Покрај тоа, Бред Пит наводно имал афера со француската актерка Марион Котијард за време на нивниот брак, што обајцата жестоко го негираа, но токму овие обвинувања ја принудиле Анџелина да ангажира приватен истражител кој ги потврдил нејзините сомневања за прељуба.

Да се потсетиме, како што напиша „Us Weekly“ во март, најстариот син, Медокс, наводно, остро се судрил со неговиот татко за време на летот со приватен авион во март, по што Анџелина решила да поднесе барање за развод. Медокс дури сведочеше против неговиот татко на суд. Многу медиуми по настанот шпекулираа дека другите деца решиле да му свртат грб на татко им, но неодамнешните извештаи велат друго. Бред Пит редовно се гледа со децата, особено со Шајло, Вивиен и Нокс.

Angelina Jolie
escort - Korsan taksi