РОЛИНГ СТОУНС ДОНЕСОА ЕДНОГЛАСНА ОДЛУКА: Ќе му оддадеме почит на Чарли Вотс на посебен начин – тој би го сакал тоа

26 август, 2021
55647_stonsi-foto-epa_f

Ролинг Стоунс планираат да му оддадат почит на починатиот тапанар Чарли Вотс на турнеја следниот месец.

Групата е многу тажна поради смртта на 80-годишниот Чарли, но тие велат дека би сакале да ја продолжат својата американска турнеја. Мик Џегер (78), Кит Ричардс (77) и Рони Вуд (74) ја продолжуваат турнејата „Без филтер“ во Сент Луис, Мисури, на 26 септември.

Чарли веќе се повлече од турнејата по медицинска процедура овој месец. Еден музички инсајдер рече:

– Бендот сака да го направи шоуто прослава на неговиот живот. Тој им беше како брат, но тие знаат дека не би му се допаднала помислата да ја откажат турнејата. Чарли им го даде својот благослов да патуваат без него по операцијата, па тие ќе му удоволат – пренесува „The Sun“.

escort - Korsan taksi