„САКАШЕ ДА СЕ УБИЕ СЕБЕСИ И НАШЕТО ДЕТЕ“: Принцот Хари откри ужасни детали, трудната Меган била во длабока депресија!

22 мај, 2021
0_FILE-The-Duke-and-Duchess-of-Sussex-Expecting-Second-Child-The-Duke-And-Duchess-Of-Sussex-Visit-Aus

“Се подготвувавме за концерт во Ројал Алберт Хол. Таа беше во напредната фаза на бременост. Дојде кај мене и ми рече: „Јас сум во депресија, длабока депресија. Планирам да си го одземам животот, еве како”, рече британскиот принц Хари во интервју кај Опра Винфри, изјавувајќи дека неговата сопруга Меган Маркл сакала да се самоубие.

Двојката, која се „отцепи“ од кралското семејство, претходно зборуваше за тоа како Меган Маркл имала самоубиствени мисли поради малтретирање во кралското семејство, кое инаку го негира сето тоа.

“Многу луѓе во нејзината ситуација земаат лекови, пијат, Меган беше потполно трезна. Она што најмногу ме плашеше беше јасноста на нејзиниот ум, нејзините мисли. Планираше точно и како ќе го стори тоа, во нејзината напредна бременост”, – рече Хари.

„Веќе изгубив една жена која беше целиот мој свет“, рече Хари во емотивна исповед, мислејќи на принцезата Дајана.

“И сега друга жена, која го носи нашето дете, ми рече дека планира да умре. Најстрашно за мене беше што сè уште бевме дел од тоа семејство, од таа приказна. По нејзиното признание, моравме да седиме во конвој од автомобили и да одиме на тој концерт, бидејќи тоа беше официјална пригода. Како што се гасеа светлата во салата, таа почна да плаче неконтролирано”, рече Хари.

Принцот и неговата сопруга дури неодамна ја отворија душата откако го напуштија кралското семејство. Тие исто така објавија дека очекуваат уште едно дете, а по смртта на принцот Филип, принцот Хари за прв пат дојде во Велика Британија по тој инцидент.

escort - Korsan taksi