СЕ ДРОГИРАЛА, ГИ ТЕПАЛА ВРАБОТЕНИТЕ, ВЛЕГУВАЛА ВО ЉУБОВНИ ОДНОСИ ТУКУ ТАКА, ОБОЖАВАЛА ПАРИ: Зошто Наоми Кембел (51) решила да се смири?

28 мај, 2021
217025_profimedia0480950940_ls

Наоми зборуваше за тоа како сигурно ќе има дете еден ден – со или без маж во нејзиниот живот

Наоми Кембел, една од најпознатите супермодели некогаш и со прекар Црн Пантер, ја запрепасти јавноста неколку дена, но и нејзините пријатели откривајќи дека добила бебе на 51 година.

Додека некои ја критикуваа и ја нарекуваа геријатриска мајка затоа што таа одлучи да има дете во нејзините подоцнежни години, другите се фокусираа на тоа како моделот успеа и со кого. Тие исто така се прашуваат како една жена што некогаш била во врска со боксерот Мајк Тајсон прераснала во „мајка“.

Како што изјавија нејзините пријатели за странските медиуми, Наоми е во врска со мултимилионер, кого го запознала преку заеднички пријатели и живеат заедно во нејзиниот изнајмен стан вреден 12 милиони долари во Њу Јорк.

Наоми, која се појави 66 пати само на насловната страница на списанието „Вог“, минатата година тајно се пресели на Менхетен. Исто така, протекоа информации дека за нејзиниот 50-ти роденден во мај 2020 година, нејзиното момче го наполнило целиот стан со цвеќиња и потрошило илјадници долари за истото. Таа се пофали со тоа на Instagram и напиша дека е благословена и стави два емотикони во срце.

„Влезе во нова фаза од животот и е многу помирна, многу поблага од пред 10, 15 години. Таа само им кажа на својот најблизок круг пријатели за бебето, така што веста беше шок за многу нејзини пријатели. Групите на WhatsApp беа полни од пораки, сите се прашуваа кој може да биде овој нејзин мистериозен маж. Но, Наоми сака да го задржи својот љубовен живот во тајност засега, но отсекогаш била решена да има дете со или без маж.“, изјави извор за „The Sun“.

Инаку, Кембел, која ја започна својата манекенска кариера на 10-годишна возраст, заврши на суд 11 пати поради наводни физички судири и напади врз вработени, асистенти и други лица, сето тоа за краток период од 1998 до 2009 година.

Манекенката се бореше и со зависност, а по петгодишна борба со дрога во 1999 година, отиде во центар за рехабилитација.

„Поради дрогата, се чувствував непобедлива. Како да можам да го освојам целиот Свет. Но, кога ќе се разбудев следниот ден, сè изгледаше ужасно”, признала Наоми.

Таа беше во бурна врска со многу познати личности, а по врската со басистот на групата U2, Адам Клејтон, беше со водачот на Формула 1, Флавиус Бриаторе. Врска започна со рускиот претприемач Владислав Доронин во 2008 година, а беа заедно пет години. Минатата година кружеа гласини дека таа е во врска со Лиам Пејн, пејач кој е 23 години помлад од неа, но тоа никогаш не го потврди. Никогаш не се омажила.

„Сакам многу луѓе од различни причини“, изјави Наоми, која исто така беше во врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, кој е 15 години помлад, а со другите се во пријателски односи.

escort - Korsan taksi