Се омажи Гвен Стефани: Еве како изгледа нејзиниот сопруг!

6 јули, 2021
Why-gwen-stefani-leaving-the-voice-season-18

Гвен Стефани конечно го кажа судбоносното „да“, пренесуваат светските медиуми.

Имено, американската пејачка се омажи со својот долгогодишен емотивен партнер Блејк Шелтон.

Според информациите, парот се одлучил за интимна церемонија, меѓу најблиските членови на роднини и пријатели, на ранчот што Блејк го поседува во Оклахома.

За потсетување, Гвен ја започна својата кариера во средината на 90-тите години на минатиот век, како пејачка на групата „No Doubt“, а во средината на следната деценија започна независна кариера во која продолжи да постигнува успех. Од 2002 до 2016 година, таа беше во брак со пејачот и гитарист Гевин Росдејл, а во оваа заедница се родија три сина.

Blejk Šelton

Во ноември 2015 година, таа влезе во романса со Шелтон, кој има два брака зад себе, со Канет Герн (од 2003 до 2006 година) и пејачката Миранда Ламберт (од 2011 до 2015 година). Патем, Блејк е многу успешен кантри музичар кој ја започна својата кариера во 2001 година.

escort - Korsan taksi