СЕ ВРАЌА АДЕЛ! Датумот на објавување на новиот албум протече во медиумите, а се подготвува и голем концерт!

19 септември, 2021
adele-se-vraca-660x450

По четиригодишна пауза за време на која се разведе, повторно се заљуби и значително го промени имиџот, Адел се враќа на светската музичка сцена. 33-годишната пејачка ќе објави нов албум околу Божиќ, според британските медиуми, и ќе одржи голем концерт во Лас Вегас.

„Помина многу време, а нејзината издавачка куќа сака сѐ да биде подготвено пред Божиќ. Адел и нејзиниот менаџмент преговараат со ВВС Америка за да го пренесат нејзиниот концерт низ целиот Свет. Тоа ќе биде дел од нејзината мала промотивна турнеја “, изјави извор за The Sunday Mirror.

Овие гласини случајно или не беа потврдени од нејзиниот познат колега Ед Ширан. „Мислам дека Адел се враќа пред Божиќ. Слушнав гласини “, рече тој во неодамнешното интервју.

Го освои светот со три албуми

Таа го објави својот последен албум „25“ во 2015 година, а до денес е продаден во неверојатни 23 милиони примероци. Во 2017 година, тргна на голема светска турнеја, а по нејзиниот последен концерт на Вембли, речиси се врати во анонимност. Оттогаш, таа сними само едно гостување на ТВ, во скеч шоуто „Saturday Night Live“.

Дека со нетрпение се чека нејзиното враќање, покажуваат и неверојатните бројки што ги забележа со само три издадени албуми. Нејзината музичка трилогија досега е продадена во 120 милиони примероци и ѝ донесе 15 Греми награди и девет награди Брит. Во 2012 година, Адел исто така ја објави „Skyfall“, насловната песна за истоимениот филм за Џејмс Бонд и за тоа освои Оскар и Златен глобус.

escort - Korsan taksi