СЕКОГАШ ГО ЗНАЕЛ СВОЈОТ ПАТ! Пред 19 години Ноле ја имал истата цел, ова интервју го докажува тоа!

10 март, 2021
h_53127232_1000x0

Во едно интервју на 24 јули 2002 година точно девет години пред Ноле да стане најдобар играч во Светот за прв пат, тенисерот јасно проговори за своите амбиции.

– Професионално играм тенис од седумгодишна возраст. Ме привлече како индивидуален спорт, а се користи и топка – започна Ноле.

Во тој разговор, Ѓоковиќ откри дека бил втор на ранг-листата на тенисери до 16 години, иако започнал една година помлад, зборуваше за своите планови на турнирите во Франција, Белгија и Италија, а откри и дека морал многу рано да започнете со вонредна настава.

– Учев вонредно од шестто одделение, а моите пријатели од училиште немаа никаква завист во однос на мене, додека наставниците се друга приказна. Но, завршив основно училиште – рече тој.

Ѓоковиќ тогаш изненади со една изјава, барем од денешна гледна точка.

– Се чувствувам порелаксирано во двојки. Инаку, мој партнер со кого ја освоив титулата европски шампион е Бојан Божовиќ, исто така од Партизан – рече Новак, и оттогаш е јасно дека сингл и тоа како му е омилен – изјави Новак.

escort - Korsan taksi