Синот на Бекам има прстен на левата рака: Тајно оженет?
Бруклин Бекам (21) ова лето доби поддршка од неговите родители, фудбалерот Дејвид Бекам и 46-годишната модна дизајнерка Викторија Бекам за да се омажи за актерката Никола Пелц (26). Тие веднаш започнаа да планираат голема венчавка, но Бруклин сега ги збуни своите обожаватели откако папараците го „уловија“ со прстен на левата рака.
Тој беше фотографиран во Лос Анџелес додека одеше во самопослуга. Носеше црни панталони и маица, а со темна комбинација на облека прстенот на раката уште повеќе се истакна. Фановите тогаш почнаа да се сомневаат дека Бекам можеби се венчал во тајност.
Ова не е прв пат Бруклин да предизвика гласини. Неодамна сподели фотографија на која тој и Никол држат златна панделка во рацете, а неодамна и го истетовира своето љубовно писмо на вратот.