Славната манекенка за прв пат стана мајка и веднаш објави фотографија од бебето!

13 февруари, 2021
c7c85a0c-d67b-4f4d-b883-ec35b798dd62

Како што објави на Инстаграм, таа и Том Дејли станаа родители на ќерка која ја нарекоа Туулики Џоан Дејли во четвртокот, а гордата мајка веднаш ја сподели првата фотографија од девојчето.

“Најсреќниот ден во мојот живот е оној каде те запознав. Најгорд момент во мојот живот е оној на кој те родив”, напишала новопечената мајка.

Хоск го објасни и потеклото на името на нејзиното бебе: “Именувано по две силни жени, мајка ми и баба ми, ти дојде на овој свет како супер жена со тупаница до твоето лице. Ќе те сакаме засекогаш, бебе Туули”.

Да потсетиме, поранешниот ангел на Victoria Secret ја откри својата бременост на почетокот на октомври со серија зачудувачки црно-бели фотографии на кои позираше како од мајка родена.

Елса се занимава со моделинг од својата 14 година, а тренираше и кошарка за време на средно училиште. По средното училиште, се преселила во Америка, каде се прослави и стана една од најбараните супермодели во светот.

escort - Korsan taksi