Со новата фотографија, Џенифер Анистон најави нешто што обожавателите го чекаа долго време

30 јануари, 2021
Screenshot_1

– Иии, се вративме, напиша Џенифер покрај фотографијата на која позира со својот долгогодишен фризер Крис Мекмилан на снимањето на „The Morning Show“.

Уште кога се појави на Instagram кон крајот на 2019 година, актерката Џенифер Анистон редовно добива милиони лајкови на оваа социјална мрежа за секоја нова фотографија. Денес дури 36 милиони луѓе ја следат на Instagram. Џенифер уште еднаш ги воодушеви обожавателите со фотографија која ја најавува втората сезона на серијата „The Morning Show“, во која глуми со Рис Витерспун.

– Иии, се вративме, напиша Џенифер покрај фотографијата на која позира со својот долгогодишен фризер Крис Мекмилан на снимањето на „ The Morning Show “.

Актерката ја освежи косата со златни прамени за новата сезона, а фановите ја опсипаа со комплименти и ја наградија со скоро 4 милиони лајкови.

Да потсетиме, оваа година ќе ја гледаме Анистон во новите сезони на серијата „Friends“, што ја направи славна.

escort - Korsan taksi