СО НОВАТА ВРСКА ДОЈДОА И НОВИ ДРАМИ: „Џеј Ло доби забрана за приоѓање на децата“

1 јуни, 2021
profimedia-0585761162

Откако ја шокираа јавноста со оживување на романсата 17 години по раскинувањето, 51-годишната латино дива Џенифер Лопез и 48-годишниот актер Бен Афлек продолжуваат да ги полнат медиумските колумни ширум светот. Фотографиите од заљубеното дуо, кои се направени пред неколку дена на романтичен одмор во Мајами, возбудија многу обожаватели, но и поранешни партнери кои не се толку воодушевени од оваа нова – стара љубов. Според National Enquirer, 49-годишната актерка Џенифер Гарнер, поранешната сопруга на Бен со која има три деца – 15-годишната Виолет, 12-годишната Серафина и деветгодишниот Самуел, не ја поддржува неговата последна врска со латино дивата и забрани да им приоѓа на своите деца.

„Џен за сето ова со Џеј Ло е многу тажна затоа што е свесна колку Бен е нестабилен во моментот и колку мора да му биде збунувачко за ова обновување на старата љубов. Тој е изгубен веќе некое време и тоа се гледа од ваквите несовесни и ненадејни одлуки. Но, како и секогаш, Бен не сака ничија помош, па овој пат ќе мора да се изгори на сопствена кожа, но на Џен ѝ е доволно“, кажа неименуван извор за споменатите медиуми, откривајќи дека актерката одлучила нејзините деца да не ја сретнат новата жена во животот на татко им.

‘Кога Бен беше со Ана де Армас, на Џенифер не и пречеше да биде вклучена во животот на нивните три малечки, пред се затоа што чувствуваше дека врската е сериозна и води кон заедничка иднина. Но, откако раскинаа, таа одлучи дека повеќе не сака да ги вовлекува децата во љубовниот живот на нејзиниот татко, па му забрани на Бен да ги запознае децата со Џеј Ло. Таа е свесна дека ова е само минлива авантура и на нејзините деца не им треба друга личност која ќе влезе во нивните животи преку ноќ и ќе ги напушти исто толку брзо “, рекол изворот. Да потсетиме, Џенифер беше во брак со Бен од 2005 до 2018 година, и покрај прилично медиумскиот развод, дуото остана во пријателски односи пред се заради нивните три деца заедно.

escort - Korsan taksi